Мицкоски бара избори во мај или јуни

Техничка влада во февруари или март, предвремени избори во мај или јуни – првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара власта да го прифати предлогот за ново изборно соочување за излез од севкупната криза во која се наоѓа државата. Откако повторно извисивме за ЕУ, испаруваат и последните причини власта секојдневно да се кити со епитети дека биле дел од власта само за европската перспектива на државава, вели Мицкоски.

-Бараме во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни да имаме предвремени парламентарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија. Во Македонија е потребен нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу нов договор со народот и заедничкиот патриотизам за работите кои му се важни на народот, а кои совршено јасно е дека оваа власт не може и нема да ги донесе. Овде секоја наша лична кариера е небитна, кога најважното е иднината на нашата држава. Апелирам на разум, на одлуки кои ќе се базираат на тоа што е најдоброто за државата и народот. Ова е отворен апел до власта за брзи избори, како единствено решение за излез од политичката и економска криза, и наша обврска за борба за нова иднина кон која сите заедно се имаме обврзано, вели Мицкоски.

А откако Артан Груби во јавноста изнесе информација дека ВМРО ДПМНЕ се согласило техничка влада да ја води Албанец, односно се согласуваат за албанец премиер,  Мицковски денеска им понуди на владините коалиционери Африм Гаши а не Димитар Ковачевски да биде предлогот бидејќи како што вели влегол со амбиција дека ќе најде решение за политичката и енергетската криза, па сега ја има шансата да го докаже тоа.

А по секојдневните барања на опозицијата за вонредни избори, претседателот на државата Стево Пендаровски бара 61 пратеник за таквата иницијатива да помине.

Од опозицијата се децидини дека предлогот на премиерот во заминување Зоран Заев, Димитар Ковачевски да ја води владата е нелегитимен. Без изборно соочување Ковачевски нема легитимитет да одлучува за прашањата со кои е соочена државата бидејќи не ја добил довербата од граѓаните  на ниту едни избори.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста