Мицкоски: Апел за обединување и уривање на најлошата власт досега

Македонија не е касаба на неколкумина од власта,ова време се најтешките години од независноста до денес.Срамно е што за прв пат во триесет години независност ја променија прославата за Илинден-рече во своето обараќање лидетот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски,кој традиционално денот на Републикара го чествува во струшко Ташмаруништа.

На Мечкин Камен нема говор, едно затоа што немаат што да кажат, друго затоа што се плашат од народот кој ќе им каже што мисли за нивното владеење. Стево Пендаровски не може да биде точката на обединување, тој е точката на разделување, зошто човекот фати страна и реши да молчи тогаш кога требаше да биде гласен. Кога имаше изборни фалсификати, кога требаше да се спротивстави на лошите закони, кога Заев си договараше промени на сметка на идентитетот-рече Христијан Мицкоски-Претсед.на ВМРО ДПМНЕ.

Работата не е да направиме коалиција за власт, туку коалицијата на народот против Заев. Од тука, точката на нашето обединување е да дадеме отпор кон власта и да ја кренеме урнисаната држава на нозе. Затоа обединувањето во еден блок против Заев ќе биде жесток шамар за власта која ќе падне за неколку месеци по локалните избори. И само така ќе може да ставиме точка на криминалот, на тапкањето во место и да обезбедиме иднина за сите, да обезбедиме Македонија за сите луѓе.

Тука од Ташмаруништа, на ден Илинден испраќам И апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега.

Македонија е европска земја, и нашето место е токму таму, во семејството на Европската Унија.

А она што за Заев сега е Европа, и го вика Мини Шенген, тоа само значи дека донел уште еден пораз за државата и не способен да ја исполни нашата најголема стратешка цел, членството во Унијата. Париз, Брисел и Берлин, не може да бидат Врање и Драч. Со целиот респект за нашите соседи, но гумата за спасување на Заев која се вика Мини Шенген е само доказ колку државава тапка во место, и колку имаме неуспешна влада-рече Христијан Мицкоски-Претсед.на ВМРО ДПМНЕ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ зборуваше визијата и концетот за развоја на нашата држава,каде како што рече  човечкото достоинство се вреднува,каде црвените линии за идентитетот, јазикот и историјата се почитуваат. Спорот со Бугарија не е натпревар во 100 метри, ниту тезга со муртунски бостан, тоа е она што сме, нашиот идентитет, огледало и битие.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста