Мицкоски алармира дека Заев прифаќа бугаризација на Македонија – од утре на блокади низ градовите

Преку протести во Скопје и низ повеќе градови, опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од утре ќе бара премиерот Зоран Заев да обелодени што преговара со Бугарија и какви отстапки нуди. Првиот човек на партијата Христијан Мицкоски предупредува дека на преговарачката маса за симнување на ветото од Бугарија се ставени идентитетот, јазикот, културата, односно постои опасност за бугаризација на Македонија.

Единствениот начин Македонија да добие зелено светло од Унијата  според Мицкоски била втемелена во две решенија. Првото кое е и помалку веројатно да се оствари, според него е Европскиот совет да донесе одлука без условувања и да извршат притисок врз бугарскиот претседател Румен Радев и техничката влада да се повлече нивното вето. Второто решение пак го гледа во тоа двоецот Заев-Бучковски да прифати дел од бугарската декларацијата и директно да преговараат за идентитетот, јазикот и за културата, и тоа според него ќе бидат преговори без крај. Втората потпатека е сите овие барања да бидат прифатени усно со изговор дека Бугарија има техничка влада и дека преговорите за спорот ќе продолжат откако ќе се формира новата влада. Тој вели дека доколку се случи второто сценарио, проблемот со Бугарија нема да остане само меѓу Македонија и Бугарија, туку ќе прерасне во проблем меѓу земјава и ЕУ.

Инаку Мицковски веќе објави шокантни информации дека Заев и Бучковски на тајни средби во Софија ја кројат македонската историја и договараат национално предавство. Според неговите информации премиерот ќе потпише анекс или друг облик на гаранција кои што ќе значи прифаќање на позициите кои што беа изгласани во декларацијата на бугарското собрание, односно оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски.

Мицкоски ги повика сите политички партии, да се приклучат на барикадите, бидејќи како што вели македонската нација заслужува одбрана во овој момент.

Доколку јавноста не дознае што содржи пакетот решение, Мицкоски најавува и институционални блокади…

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста