Мицкоски: Ако СДСМ прифати штетни одлуки за македонскиот јазик и Гоце Делчев, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поништи

Ако биде прифатено дека Гоце Делчев само во регионална смисла е Македонец,а по националност Бугарин и дека македонскиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата. Ваква порака пред присутните пред собранието упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски истакна дека политичари од Софија му рекле дека нашиот источен сосед го бара она што Заев го има ветено.

“И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле“, рече Мицкоски.

Македонија мора да ги почне преговорите со ЕУ. И ВМРО-ДПМНЕ е формирано за европска иднина. Европа треба да му врати на овој народ, смета опозицискиот лидер.

“Македонија е браникот во кој се бранеше Европа од мигрантските бранови. Македонија дала и секогаш дава за Европа. Вистинско време е  и Европа да му даде на овој народ иднина без никакви уцени и условувања“, истакна лидерот на опозицијата.

Магарешката влада на Заев како што рече Мицкоски е најнеуспешната изминативе 29 години. Ветуваше дека ќе ја отвори вратат кон ЕУ, но ги доведе граѓаните на раб на провалија. Магарињата вредат повеќе од човечките животи истакна Мицкоски алудирајќи на агенцијата со која раководеше Лидија Димова.

Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ започнаа од две локации, спортскиот центар Борис Трајковски и Спортскиот центар Јане Сандански. Колоните возила со македонски знамиња се соединија пред парламентот и споменикот на основачите на ВМРО. Од Скопје по автопатот Гоце Делчев продолжија за Штип и ќе заврши пред учителската школа каде учителствувале Гоце Делчев и Даме Груев.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста