Мицевски: Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Заев и да не го потпишува законот за Макпетрол

Штетниот и криминален Закон за Макпетрол во износ од 33 милиони евра со кој Зоран Заев му ги дава на олигархот кој е сопственик на Макпетрол со денешното шверцерско носење покажува колку е штетен. Целата процедура за негово носење од страна на владејачкото мнозинство, седници до утринските часови покажуваат дека единствено со овој закон Зоран Заев
прави криминал, рече на денешната прес-конференција пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За Зоран Заев е небитно што нема пари за поддршка на тутунарите, оризопроизводителите, за социјалните случаи, но важно е да му подари 33 милиони евра на Макпетрол. Важно е овие 33 милиони евра пари на граѓаните да се проневерат со закон, а не како што е процедурата со спогодба, се со цел Зоран Заев да се заштити и да не одговара за овој штетен договор. Заев знае дека тоа што го направи е нелегално и дека за тоа ќе има одговорност. Затоа ги натера пратениците со закон да му го легализираат криминалот. ВМРО-ДПМНЕ уште од почетокот беше против овој закон и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на секој можен начин се обиде да спречи негово донесување, но оваа криминална власт си го донесе преку своето кревко мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ го повикува претседателот на државата, Стево Пендаровски барем еднаш да не биде слуга на Зоран Заев и да не го штити криминалот на оваа не народна власт и да не го потпишува законот за спорот помеѓу државата и Макпетрол. Тутунарите, невработените, семејствата кои настрадаа од корона кризата треба да знаат дека за нив нема грижа од државата затоа што Заев реши да даде пари на Макпетрол наместо да решава проблеми И сосема на крај, исклучително е лажна вест е информацијата дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржала носењето на овој штетен закон, истакна Мицевски.

Еве ја снимката од која јасно се гледа дека владејачкото мнозинство прави кворум, но не гласа нивниот пратеник Исмаил Јаховски што значи дека Костадин Костадинов уште еднаш брутално ја излажа јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ го направи
кворумот. Каде е сега она владино тело за борба против лажните вести, да го санкционира Костадинов кој што шири зараза од лажни вести. Тоа покажува дека и самата власт прави криминал и пратеници од власта бегаат за да не гласаат за овој
закон. Одговорност мора да има. И ќе има, ќе одговарате за криминал, додаде тој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста