Мицкоски за уредбата за пари за СЈО: Ми се гади од злоупотребата на моќта од страна на власта

Во време на вонредна состојба и задолжувања во странство за да се пополнат буџетските дупки и најави за кратење плати на администрацијата, владата реши дека приоритет се парите за СЈО. Со уредба се пренаменуваат пари за истражителите на пораншешното специјално обвинителство со кое раководеше Катица Јанева.
Пари од буџетот се наменуваат за исплата на јавнобвинителските службеници, истражители и други вработени од поранешното СЈО. И тоа за тековни, трошоци, заостанати плати и заостанати тековни трошоци.
Уредбата е донесена на 2 април по барање на републичкото јавно обвинителство и е објавена во Службен весник два дена потоа на 4 април.
Потегот на владата предизвика жестоки реакции во јавноста. Политичари, експерти, универзитетски професори реагираа на тоа дека ќе се исплаќаат пари за СЈО во време кога како што вечлат здравствениот персонал кубури со опрема.
Лидерот на опозицијата Мицкоски вели дека е згрозен од потегот на владата.
“Ми се гади од тоа како се злоупотребува оваа моќ која е акумулирана од власта односно во неколкумина во неколку неформални и еден формален кој што диригира што нтреба да има приоритет, а што не треба. Замислете приоритет имаат дечињата на тие неколкумина слуги во судството и обвинителството на СДСМ на сметка на оние медицински лица кои што се во првата борбена линија и се справуваат со оваа пандемија голораки”, изјави Мицкоски.
Димитар Апасиев од Левица и поранешен советник во СЈО вели дека не ја сфаќа “ефикасноста” во справувањето со ситуацијата во време кога медицински сестри и диоктори чекаат донации за визири. Професорката Елка Јачева – Улчар исто така реагира за исплатата на пари за СЈО и како што вели немањето пари за тестови за корона.
Градимир Марковски