Мицкоски: Власта направи смислен грабеж на буџетот – економијата е во колапс

Власта направи смислен грабеж на буџетот на државата. За само три месеци потрошени се дури 120 милиони евра за корумпирање на граѓаните, во ситуација кога економијата е во колапс. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повикувајќи се на анализи и податоци рече дека уште пред кризата со корона вирусот власта на Спасовски и Заев ја туркала економијата кон банкрот. Било трошено безмилосно и расипнички, а во првите три месеци од годината смислено е ограбена македонската економија за да се покријат изборите кои беа планирани за 12 април.

Потрошени се 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, односно потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што го собрале во буџетот додека нас не убедуваа дека блескаме. Или попрецизно, го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек заклучно со месец мај. – Изјави Христијан Мицкоски

Со ова, тврди Мицкоски, свесно е ставена државата во катастрофална и подредена положба. А сето тоа е направено само во обид да се постигне подобар резултат на изборите. Колку за споредба, во претходните години во истиот тромесечен период биле потрошени многу помалку пари, па дури и минатата година, иако и тогаш имаше избори, оние претседателските.

 Само во месец март потрошиле 50 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот. Ако тоа се спореди со истиот месец во 2019 година, кога потрошиле седум милиони евра, тоа преставува фантастична бројка од седум пати повеќе. А во 2018 година имало во март суфицит во буџетот. – Вели Мицковски

Во првите три месеци полнењето на буџетот е нешто над 20%. Според Мицкоски доколку дојде до смирување на пандемијата и постепено нормализирање на економската активност може да се очекува реализација на сценариото кое го најави ресорниот министер на 1 април кога кажа дека ќе недостасуваат околу 20% од планираното или околу 700 милиони евра повеќе од планираниот буџетски дефицит.

Доколку на ова се додадат околу 514 милиони евра планирано задолжување поради раздолжување и тоа 246,5 милиони евра домашен долг и 267,7 милиони евра надворешен долг и доколку на ова се искалкулира планираниот буџетски дефицит за до крајот на годината во износ од околу 162 милиони евра, доаѓаме до бројка од 1 милијарда 376,2 милиони евра кои е потребно буџетот да ги обезбеди од задолжување, доколку не се случи некое подраматично и поголемо кратење на расходната страна кои што гледаме дека не се случува. Овие средства се доволни само за покривање на стари долгови и буџетскиот дефицит без некоја посериозна поддршка на компаниите. – Вели Мицковски

Мицкоски потенцира дека СДСМ може да им понуди на граѓаните само три работи: обид за поткуп на граѓаните, преку закани и уцени со помош на како што рече, Луј Витон обвинителството и трас – трас судството да се добие некој глас повеќе и конечно грабеж на буџетот. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ  со помош на стотици експерти забрзано работи на сериозен план како да се спаси економијата и како да се спасат што повеќе човечки животи од пандемијата на корона вирусот.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста