Мицкоски:Владата задоцни, економските мерки кои ги предлага се смешни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја повика владата да воведе дополнителни економски мерки кои според него би значеле намалување на последиците за компаниите. Економијата според Мицкоски бара мерки со чија примена владата сериозно доцни. Помошта на владата од пет милиони евра кога се губат 110 милиони евра како што рече не само што не е доволна туку е смешна и навредлива. Мицкоски меѓу другото побара замрзнување на обврските на компаниите кон банките за месец март и ослободување на фирмите од плаќање придонеси за вработените.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста