Мицкоски: Првиот можен датум за избори е средината на јули

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција го повика претседателот Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба и да се изработат протоколи за избори.

Мицкоски оцени дека првиот можен датум за избори е средината на јули. Тој се обрати до претседателот на СДСМ, Зоран Заев да не прават притисоци за избори.

Тој рече дека средината на јули е време додека се изработат протоколи, а потоа и да дојде и мисија на ОБСЕ/ОДИХ.

5- ти јули и 8-ми јули не е опција за ВМРО-ДПМНЕ , рече Мицскоски.

Она што е побарано од ОБСЕ/ОДИХР се оценувачи, а не набљудувачи, зашто тие не можат да пристигнат на време за 5- јули.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста