Мицкоски од Ташмаруништа: Нашата борба за слобода има константа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот празник 2-ри Август Илинден се обрати од струшкото село Ташмаруништа.

Тој потенцираше дека Крушевскиот манифест е носечкиот код врз кој почива оваа Македонска држава и од тогаш до денес, секоја година на Св. Илија се празнува овој подвиг.

„ВМРО секогаш биле западните идеи и кога многумина во 19-сетиот век зборувале за монархии, цареви и кралеви, ВМРО се формираше со идеја за “Република” и поради борба за слобода. Токму таа борба за слобода го калеше жезолот на слободата во која се вградени најголемите јунаци на оваа земја и затоа нашата слобода денес не е подарена туку тешко спечалена. За нејзе гинеле мажишта, бројни браќа и сестри, се исткајувале судбини, порази, подеми и бројни битки. И затоа нашата борба за слобода има константа, се крена Илинденското востание, а потоа продолжија партизаните и затоа што тоа е продолжение на сите претходни стремежи и поради својата храброст и пожртвуваност издвојуваше победа, по што дојде слободата и создавањето на државата. А сега, сето ова е обврска која не задолжува да ја одбраниме слободата секогаш кога таа ќе биде нападната.“ рече Мицкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста