Мицкоски од Струмица: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата неуспешните политичари кои три години ја држат Македонија во заложништво

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со носилтеот на листата од изборната единица 4, Александар Николоски денеска беа во посета на Струмица и Струмичко. Од таму Мицкоски на своите политички противници им порача дека на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата убедливо ќе победи и дека конечно ќе бидат испратени во историјата оние политичари кои ја држат Македонија веќе три години во заложништво.
Јас сум оптимист за една голема победа којашто ќе се случи на 15 јули, народот заедно со коалиција „За Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати во историјата овие неуспешни политичари коишто 3 години ја држат во заложништво Македонија.
Publiée par Hristijan Mickoski sur Samedi 20 juin 2020