Мицкоски: Новото име на државата е доказ за вашиот срам и капитулација, a за мене мојата Македонија е во срцето и секогаш ќе остане тоа

Во вчерашниот дуел на 24 телевизија Христијан Мицкоски го праша Зоран Заев дали е свесен што направи со името на земјата и дали е свесен дека тоа е чиста капитулација и срам за една нација.

-Никогаш нема да дозволам да преговарам за јазикот и Гоце Делчев, а кога станува збор за Преспанскиот договор, во Клубот на пратеници седев и Ве гледав и се прашував дали сте свесни уште кога дојде името Илинденска што правите. Дали сте свесни дека ги уривате позициите создавани со децении со години наназад. Дали бевте свесни дека нема да биде Илинденска Македонија и ќе биде некое друго и трето име уште по недостоинствено. Ја втурнавте Македонија во апокалипса. Потпишавте капитулација господине Заев и ќе Ви тежи тоа. За мене мојата Македонија е секогаш Македонија. Ова административно име ќе ја симболизира Вашата немоќ, Вашата капитулација, а ние се ќе направиме грешките што ги направивте да ги исправиме, рече Мицкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста