Мицкоски: Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својата фејсбук страница објави статус посветен на моменталната состојба во економијата во Македонија.

Тој потенцираше дека власта ја втурниува државата во црвената зона на презадолженост и дека јавниот долг за само три месеци е зголемен на една милијарда евра.

Потрошени се една милијарда евра, а нема нови патишта, училишта и болници, парите се потрошени за криминални избори а ништо не е изградено, обвинува Мицкоски.

„ Многу лесно може да се увидат ефектите ако целта вистински им беше справување со последиците од корона. Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува. Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија.“ се вели во неговиот статус.

 

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1623589234483196

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста