Мицкоски: Македонија ја нема на листата на „ФОРБС“ за безбедни земји во борбата против короната

Македонија бетер и од Бангладеш. Земјава, не е ни во првите 100, според планот за заштита од Ковид-19, покажува последниот извештај на ФОРБС. Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји, споредено со Македонија. За ова денеска  алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски, за поразителните бројки, но и рангирањето на Форбс, вината ја гледа во Заев, Спасовски и Филипче.

“Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.”- пишува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Балканските земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, според ФОРБС, се  подобри дури и од светските сили– Русија и Америка, додека Македонија никаде ја нема.

“За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна.” – пишува на фејсбук Мицкоски.

Најбезбедни држави на планот за заштита од пандемијата од коронавирусот е Швајцарија, додека најопасно е во Јужен Судан, покажува листата на ФОРБС.

Податоците се базираат на повеќе од 11.000 информации ,во сферите, како што се – ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикансост на владата. Првите места ги зазедоа Швајцарија и Германија, поради силната економија и внимателноста за време на олабавувањето на мерките. Третото место му припадна на Израел, на четврто е Сингапур, петта е Јапонија, Австралија е на шестата позиција, Кина, на седмото место, е многу подобра од САД, кои “ФОРБС” ги смести на 58 место. И втората светска сила – Русија, не котира добро на листата и се наоѓа на 61 –та позиција.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста