Мицкоски ќе предложи план од 4 чекори за гаранција за здравјето на граѓаните и спроведување на изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мцкоски ќе предложи план од 4 чекори за гаранција за здравјето на граѓаните и спроведување на избори. Извори од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за Алфа истакнуваат дека се уверени во поддршката од граѓаните и повисокиот рејтинг, но потребно е партиите и лидерите да се однесуваат одговорно спрема здравјето на граѓаните. Според нив деликатноста на состојбите и растечкиот број на заразени не одат во прилог на одржување на брзи избори, како што инсистира по секоја цена СДСМ.

Мицкоски веќе неколку пати нагласи дека приоритет број еден е здравјето на граѓаните, а дури потоа избори. Од опозициската партија брифираат дека лицитацијата со различни датуми за одржување на избворите значи лицитација со човечкото здравје и животи, нешто што е максимално несериозно и неодговорно. Затоа Мицкоски на лидерската средба ќе предложи прецизен план или алгоритам во 4 чекори. Алгоритамот на Мицкоски всушност опфаќа дефинирање на рамка со која ќе се гарантира заштита на здравјето на граѓаните, и оддржување на избори кои мора да бидат фер, слободни и кредибилни. Се друго ќе биде во насока на лов на матно и загр5озување на здравјето на граѓаните.

Алгоритмот и планот на Мицкоски во 4 чекори опфаќа прво да се даде стручно мислење од здравствените експерти дали постои амбиент и фактичка состојба за намалување на мерките за претпазливост,и  доколку се процени дека може да се премине во втора фаза тогаш треба да се чуе мислењето на ДИК околу практичното спроведување на изборите и што тоа подразбира од аспект на технички услови.

Исто така ќе се бара целосна набљудувачка мисија која ќе го мониторира процесот, со оглед на сомнителните намери на власта и забележаниот предизборен поткуп изразен во делење на пакети од семејството Заеви. Доколку и тоа се дефинира и усогласи ќе треба правните експерти да го определат начинот на кој ќе се определи датумот за одржување на изборите.

Датумот според најголемата опизициска партија треба да биде во период кога корона кризата ќе биде надмината и оддржувањето на изборите нема да биде закана за здравјето на граѓаните.  Во таа смисла, ќе се бараат нормални услови за спроведување на кампања и преставување на програмата.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста