Мицкоски: Јас сум убеден во мудроста и поддршката на народот

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата својата изборна кампања ја започна од Охрид. На првиот митинг во Охрид обраќања имаа претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и Игор Дурловски – носител на листата на пратеници во ИЕ5.

Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и помеѓу една нова енергија што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија“, порача вчера Мицкоски од Охрид.

Јас сум убеден во мудроста и поддршка на народот. Стојам нескромен и реален и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова, потенцираше Мицкоски.

 

Охрид, 24.06.2020

Изборот е помеѓу ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и помеѓу една нова енергија што ја носи ВМРО-ДПМНЕ со победничката коалиција „За обнова на Македонија“. Јас сум убеден во мудроста и поддршката на народот. Стојам нескромен и реален и ќе кажам дека 60 пратеници на победничката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ се реалност на 15 јули. Мора да си ја исправиме Македонија и затоа да одбереме обнова.

Publiée par Hristijan Mickoski sur Jeudi 25 juin 2020

Поврзани вести