Мицкоски и Заев на средба со Пендаровски во 18:30 часот во Вила Водно

Договорена е средбата меѓу лидерите на двете најголеми македонски партии, Христијан Мицкоси и Зоран Заев по повикот на Претседателот Пендаровски вечерва во 18:30 часот во Вила Водно.

Двајцата лидери и шефот на државата ќе разговараат за изборниот ден, откако Пендаровски денеска итно ги повика да се сретнат и да одлучат кога ќе се одржат изборите.

Според Пендаровски оваа средба е неопходна заради обезбедување инклузивност на изборниот процес.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста