Мицкоски и Дурловски ја започнаа изборната кампања од Охрид

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со  носителот на листата на кандидати за пратеници во изборната единица 5, Игор Дурловски, изборната кампања ја започнаа од Охрид.

Мицкоски на својата фејсбук страница објави албум со фотографии над кои напиша дека и покрај тоа што граѓаните се разочарани од реалноста и неисполнетите ветувања, Македонија мора да се исправи.

 

„Денес кампањата ја започнуваме од Охрид. Заедно со Игор Дурловски разговаравме со охриѓани. Се гледа нивната разочараност од неправдите кои ги имаме од оваа власт.
На овие избори граѓаните имаат два избора, Македонија или актуелната власт.
Од Охрид им порачуваме дека силно ќе победиме, нема да дозволиме ништо да нѐ поколеба. Нема простор за разочарување, туку за борба.
Македонија е со наведната глава и свтикана кичма. А, тоа е така затоа што се што ветија, ништо не исполнија.

Време е за почит и развој. Време е за обнова и повеќе за секого. За насмеани лица и Македонија исправена и горда. #ИсправиСеМакедонијо и одбери #Обнова!“

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.1587506014758185/1587506231424830/?type=3&theater

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста