Mицкоски: Државава е закована на дното по криминалот и корупцијата

Вчерашниот аудио-запис околу планот за палење на возило на наш член е само уште еден доказ за тоа каква е коалицијата помеѓу оваа Влада и ова раководство на СДСМ и семејството Заеви со дискутабилни, проблематични структури во општеството, порача денеска Мицкоски од Прилеп.

Притоа, тој изрази и сомнеж кој би можел да стои и зад она што неодамна се случи кај Мисајловски.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна и на реакциите на Рускоска и Кацарска околу употребата на нивните имиња и ликови во спотовите на опозицијата, при што тој рече наместо тие да се занимаваат со сатиричните спотови на опозицијата, кои впрочем ја отсликувале нашата реалност, добро би било да престанат да работат под политички диктат и да се трудат од петни жили да ги задоволат страстите на Заев, и да се позанимаваат со она за што народот ги плаќа, а тоа било да обвинуваат и да судат по Закон, за што деновиве имало многу таков материјал по кој би требало тие веднаш да постапуваат.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста