Мицкоски: Борбата на Илинденците е нашата кауза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по повод испраќањето на коњаницата за Илинден, која тргнува за Крушево од Лисиче, денеска беше во црквата Св. Петар и Павле во која се одржа литија на која коњаницата доби благослов за среќен пат.

Тој во својот фејсбук статус напиша:

“Традицијата е нашето дефинирање. Во чест на светлиот Илинден поддршка за илинденската коњаница. Борбата на илинденците е нашата кауза. Слобода, независност, ВМРО, Македонија!”

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1617446818430771

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста