Кој и зошто пукал во Идризи? -Осомничени нема

Полицијата се уште не соопштува поконкретни детали за убиството кое се случи пред два дена во Скопје. Не кажуваат дали ја знаат причината, ниту пак дали имаат сознанија кој би можел да стои зад пукањето во скопски Бутел кое заврши фатално за 43 годишниот Камер Идризи, а неговиот 24 годишен внук е во болница.

Од МВР велат дека обвинител излегол на терен и сега на ред е Обвинителството  да побара докази и сознанија од министерството за да се истражи случајот. Нови детали не споделуваат.

По објавувањето на фотографиите на Идризи со дел од фукнционреите на СДСМ, единствено се огласи градоначалникот на Бутел, Смилевски кој рече дека не знаел ништо за бизнисите на убиениот, и дека не видел ништо лошо од него.

„Сум немал ниту работа, ниту бизнис, туку било чисто другарство. За мене секогаш бил во ред, вели Смилевски.(Извор а1он)

Опозицијата реагира дека загрозена е безбедноста на граѓаните.

Она што мене ме загрижува е тоа што повторно луѓето коишто направиле такво дело се блиски пријатели до функционерите на СДСМ и треба да дадат одговор СДСМ зошто во континуитет имаат пријатели и слики за кои цели се сретнуваат со такви луѓе. Еве како што гледаме човекот којшто загина во таа несреќна пресметка е пријател на градоначалникот на општина Бутел. Даде изјава дека станува збор за навистина негов близок пријател и дека тој немал лошо видено од таков човек. Безбедноста на државата е под сериозен притисок и треба да се понесе одговорност за ваквите случувања на улиците во Република Македонија, смета Митева.

По крвавата пресметка во очи на најголемиот мусимански празник, жителите на Бутел велат дека се исплашени и не се чувствуваат безбедно.

Но не само тие голем дел од граѓаните ширум Македонија стравуваат особено ако се земе предвид фактот дека убиствата, престрелките, грабежите во државата се поретко целосно се расчистуваат.

Се уште не се најдени строителите на двојното убиство во Чаир кое се случи на 5 март годинава кога беа убиени две лица на воздраст од 28 и 24 години. Полицијата тогаш на местото на настанот најде чаури од пиштол и автоматска пушка,а не е позната  причината за убиствата,  како и тоа кој стои зад нив. Се уште не е расчистено ни кој пукаше во синот на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи кој се здоби со прострелна рана во левата натколеница на 1 март оваа година.  Осомничен беше косовски државјанин кој  по краткотраен притвор од 48 часа беше пуштен на слобода, бидејќи најдените ДНК траги во возилото според полицијата  не биле негови.

Не се целосно расчиетени ни слуачите со убиството на Рузвелтова од 2018 година, ниту пак кој пукаше на Партизанска во близина на Лептокарија. Нема затворски казни,  ниту пак разрешница за пукањето во хотелот Александар Палас, каде според информациите кои кружат во јавноста било пукано во група во која бил сега убиениот Камер Идризи.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста