Метеж пред пунктот за вакцинација во Штип

Колона долга дваесетина метри, вака утринава беше сликата пред вакциналниот пункт во Штип. Граѓани од целиот југоисточен регион, најголем дел од нив се  со закажан термин, но имаше и такви кои дојдоа да си ја пробат среќата. Поголем застој нема, максим се чека од 15 до 30 минути.

 „Јас сум пријавен, имам термин. Овде сум со двајцата синови, да пробаме можеби и тие ќе успеат да се вакцинират„-вели жител на Виница.

„Јас немам закажано термин. Над 70годинини сум и ми рекоа дека може да се вакцинирам со лична карта„-изјави жител на Штип

 „Имам термин за денес. Се имам пријавено уште на самиот почеток. Пред два дена добив порака дека треба да се вакцинирам. Јас сум од Струмица„ –изјави жител на Струмица.

Со отварње на вакцинален пункт во Струмица гужвата значително ќе се намали. Од Здравствен дом Штип категорични, предност имат граѓаните со закажан термин.

 „Границата е спуштена. Сега се вакцинираат над 60години. Има луѓе кои сакаат веднаш да бидат услужени. Сепак приоритетни се оние кои имаат термин. Имаме списоци од институциите и тие се повикани во одреден термин. Секогаш кажуваме ако остане простор и вас ќе ве примиме , но мора да почекате„-изјави  Трајковска, директор на Здравствен дом Штип

Се планира од понеделник да започне имунизацијата и на вработените во приватниот сектор. Интересот е огромен, дел од штипските компании веќе имат доставено списоци. Засега нема точна бројка колку работници ќе бидат опфатени..

 „Оние граѓани кои ќе сакаат да се вакцинират, ќе добијат дозвола од Министерство за здравство. Приоритетите во приватниот сектор ќе се прават според старосна граница и хроничните болести „- изјави градоначалникот на Штип Сашко Николов. 

Во изминатите десетина дена откако е отворен  вакциналниот пункт вакцина против Ковид-19 имат примено над 10.000 граѓани. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста