МЕТАЛУРГ ВЕЧЕРВА ПРОТИВ ФИВЕРС СО ПРВА ДОМАШНА ЗАДАЧА ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА (18:45ч)


По долгата карантинска пауза, ракометарите на Металург се вратија на терен, одиграа три натпревари во само пет дена во домашното првенство, а денеска со нов предизвик и во Европската лига на ЕХФ. Домашен меч со Фиверс од Австрија, трет во Лига Европа, по поразите на гостувањата во Тулуз и Адемар Леон.

„После двоен карантин, неодработени тренинзи, пропуштени натпревари и неколку позитивни играчи, полека се враќаме во ритам. Го анализиравме противникот, имавме видео, ќе биде тешко, но се надевам на добар меч. Тие негуваат германски стил на ракомет, брзи се, и ако не наттрчаат ќе паднеме, Мора 60 минути да бидеме на високо ниво. Металург се желни за победа во Лига Европа по сето ова што ни се случи изминатиот период“, вели Оливер Димитриоски, тренерот на Металург
Мечот меѓу Металург и Фиверс се игра вечерва во СЦ Борис Трајковски од 18:45 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста