МЕТАЛУРГ СО ПОРАЗ КАЈ ТУЛУЗ (33-29) ГИ ЗАПОЧНА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА РАКОМЕТНА ЛИГА

Ракометарите на Металург со пораз ги започнаа натпреварите во А групата од Европската лига. Тимот од Автокоманда синоќа загуби кај Тулуз со 33-29 во меч во кој постојано губеше, неколку пати Французите водеа со 5 разлика, со тоа што сините имаа приклучок негде во средината од вториот дел кога беа во негатива од само два гола. Најдобри кај Металург беа Поповиќ со 9 гола и Дупјачанец со 10 одбрани. Во следниот меч на 27 октомври Металург игра дома против Висла Плок, а истиот ден деби во оваа конкуренција треба да има и вториот наш претставник во Европската лига Еурофарм Пелистер кој треба да гостува кај Гог Гудме.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста