МЕТАЛУРГ ПРЕКУ ДВЕ КВАЛИФИКАЦИСКИ КОЛА, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ДИРЕКТНО ВО ПРВАТА СЕЗОНА ОД НОВО ФОРМИРАНАТА РАКОМЕТНА ЛИГА НА ЕВРОПА

 

Еурофарм Пелистер ќе оди директно, а  Металург преку две квалификациски кола ќе бара место во првата сезона од ново формираното ракометно натпреварување Лигата на Европа. 

Откако битолскиот состав отпадна од екипите кои обезбедија настап во новото издание на Лигата на шампиони, му беше доделено место во Лигата на Европа, каде автоматски во групната фаза се најдоа и екипите на Магдебург, Татабања, Висла Плок, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Шафхаузен, Татран Прешов, Ним, Бешикташ и Алингсас.

Металург ќе мора да игра две квалификациски кола доколу сака да биде дел од фазата по групи, идентично како и составот на Бутел кој исто така ќе се бори настап во премиерното издание на ракометната Лига на Европа. Потенцијални противници во квалификаиците на македонските екипи ќе бидат, хрватските клубови Дубрава и Спачва данските Скјерн, Силкеборг и Холстебро, норвешки Арендал, германски Мелсунген, шпанската екипа Бидасоа Ирун, исландски Валур и португалска  Бенфика. Ждрепката за квалификациите е закажана за 28 јули во Виена,  првите квалификациски дуели се планирани за 29/30 август.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста