Металург подготвен за реваншот со Криенс и пласман во ЛЕ

Уште 60 минути игра го делат Металург до првата цел во новата сезона, а тоа е пласман во фазата по групи од новата Лига Европа. Тимот од Автокоманда во Цирих го одработи и единствениот тренинг пред реванш мечот против швајцарскиот Киренс. Тренерот Зоран Кастратовиќ сумирајќи ги впечатоците по првиот дуел верува дека неговиот тим може да ја сочува предноста од два гола стекната во Скопје (26-24). Се друго ќе биде еднакво на неуспех, особено ако се земе в предвид новиот проект на клубот, составен од звучни засилувања со европски амбиции. Мечот Криенс- Металург се игра во вторник од 18.45 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста