Месото по Велигден ќе поскапи од 20 до 40 проценти

Нов удар врз џебот на граѓаните. Ценовен шок ги чека за неполни две недели. Месото и сувомеснатите производи ќе поскапат од 20 до 40% по велигденските празници – алармира Групацијата за производство на месо и преработки од месо. Бараат Владата да ги врати старите квоти за увоз на замрзнато свинско месо, кои ги преполови лани, ослободување од царина на месо за преработка и вклучување на месната индустрија во 6-тиот пакет мерки за помош на стопанството. Велат без помош, можат да го протуркаат Велигден, но по празниците ќе следуваат драстични поскапувања.

– 250-260 чаден свински бут, после над 320 денари. Во зависност од тоа. Покачувањето само за 20% колку што е поскапувањето на суровините рече Гоце Трајчев – Групација за производство на месо и преработки од месо при Стопанска комора.

Производителите и преработувачите на месо велат дека најголемиот удар нема да го претрпат само граѓаните, туку и стопанството и државата. Ако не им се помогне, предупредуваат дека на многу компании им се зканува клуч на врата, а на многу вработени опасност од губење на работните места.

– Не се само директнивработувања. 20 во групација имаме. не се само дир, туку  ииндиректните вработувања. На дом пазар домашни фармери имаат вишок. Месна индустрија го откупи цел вишок и го произведе. Сликата е малку поширока – рече Гоце Трајчев – Групација за производство на месо и преработки од месо при Стопанска комора.

Од Групацијата очекуваат барањето за квотите да биде прифатено, поради успехот во последните 3 години бидејќи бил откупен вишокот  месо во земјава, за 20% се намалил увозот на готови сувомеснати производи од странство, додека домашното производство се зголемило до 14%.

Граѓаните пак се се погневни бидејќи секојдневно растат цените на зејтинот, млечните производи,  јајцата, шекерот, овошјето и зеленчукот. Се погласно бараат замрзнување на цените барем на најосновните прехранбени продукти, но засега нивните барања не наидуваат на слух кај надлежните.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста