Меси со нов голгетерски рекорд ја одржува Барселона во трката за титула

Барселона со 5-2 го совлада Гетафе на „Камп Ноу“, и се врати на третата позиција во Примера, веднаш зад Реал Мадрид со два бода помалку, а пет во однос на лидерот Атлетико, но за разлика од мадридските гиганти, Каталонците имаат и меч помалку. Мечот го одбележа Лионел Меси со една асистенција и два погодоци, со кои испиша и нова историја во светскиот фудбал. Аргентинецот стана единствениот фудбалер во најсилните пет лиги со најмалку 25 погодоци во последните 12 сезони.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста