Меси го урна рекордот на Чави и стана играч со најмногу натпревари во Барселона

Лионел Меси на вчерашниот меч против Вилјареал го запиша 768-от настап во дресот на Барселона, што го прави играч со најмногу натпревари во ерата на каталонскиот гигант. Досега рекордот го држеше Чави со 767 настапи. Меси и според учинокот важи за најдобар играч во историјата на Барселона откако во клубот пристигна во 2000та година, како дете од аргентинскиот Њуелс Олд Бојс. Барселона синоќа во самиот финиш со гол на Дембеле го совлада Виљареал и дојде на бод од лидерот Атлетико Мадрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста