Мештаните ги избркале Србите од грчкиот остров Евија

Туристи од Србија биле избркани од грчкиот остров Евија од страна на локалното население, пишува порталот Mondo.rs.

Туристите биле принудени да го напуштат островот и покрај негативниот тест на COVID-19, затоа што на локалните жители им било страв да не им го пренесат вирусот.

Од Евија во моментов се враќаат назад сите српски туристи, а тамошните власти им организирале превоз до бугарската граница.

Вчера биле тестирани 85 државјани од Србија и сите биле негативни па им било дозволено да продолжат со одморот, но по барање на мештаните, тие се избркани од островот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста