Мешовитата историска комисија со Бугарија, стана Комисија на Бугарија и С.Македонија

Мешовитата македонско бугрска комисија за историја стана комисија на Република Северна Македонија и Бугарија, ова е исходот од средбата на телото кое треба да го реши историскиот проблем со Софија. Дел од медиумите објавија дека веќе нема да се користи придавката македонски во записниците, но ко претседавачот од македонска страна демантираше,но половично. Напредокот што е постигнат  според Ѓорѓиев бил на техничко ниво, се договориле во записниците дословно да се цитираат дискусиите на двете страни, со оглед дека и двете страни остануваат на своите позиции околу придавката.

  • Дискусиите ќе се цитраат точно онака како што ги кажале дискутантите. При тоа мора да кажеме дека придавката македонски беше во употреба и пред тоа и сега е во употреба. Само во одредени ситуации тие инсистираат таа придавка согласно со Преспанскиот договор и согласно со договорот што го има меѓу Македонија и Бугарија за јазикот, тука да се применува тој договор. И не станува збор за апсолутно целосно не употреба на придавката македонски . Во историски концепт таа придавка ќе се употребува, македонски народ, македонска нација,.. Значи на технички начин сите дискусии и нивните и нашите ќе бидат целосно пренесени во записникот, истакна меѓу другото професор Ѓоргиев.

Заев денеска прашан за употребата на придавката „македонски“ во записниците на Мешовитата историско-образовна комисија рече дека таа ниту досега, ниту сега не била проблем.

“Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и од бугарските историчари стои – кажал професорот Драги Ѓоргиев „македонските учебници треба да бидат соодвено на тоа поставени… македонскиот јазик треба да реферира соодветно на нашите позиции“ или слично”, вели Заев.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат, велат Заев е опасност за идентитетот и го распродава.

Заев и останатите ги држат македонските граѓани во мрак и не говорат јавно што се преговара во врска со договорот со Бугарија.Уште позагрижувачко е што се што преговараше оваа Влада молчејќи без да ги информираат граѓаните и опозицијата, на крајот се покажа како фатално за македонските интереси.Затоа, ги земаме со резерва овие штури оправдувања во врска со изоставање на придавката “македонски”-велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако се појави информацијата дека придавката македонски ќе биде изоставена и ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тоа, од владејачката партија соопштија дека опозицијата ширела лажни вести. Покрај реакциите на политичките партии, со дузина коментари се јавија и аналитичари,јазичари, експерти кои велат дека Комисијата не е онаа која ќе се договара за името на јазикот и слично , оти тоа не спаѓало во доменот на решавање на историските прашања.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста