Мерко става светилки во Дрим вредни 110 000 евра

За осветлување на Дримот, Рамиз Мерко од општинската каса потроши фантастични 110.000 евра, поставајќи 300 светилки вдолж целото речно корито, кои пак чинат приближно 50.000 евра. Ова предизвика силни реакции,негодување и страв кај стружани бидејќи силјалиците се поставени подводно.

.Ние живееме овде покрај кејот,имаме внучиња 5,богами ми е страв.Сега гледам од водата се половина метро, а кога ќе има многу водата не знам како би било,јас се плашам да Ви кажам право;

.И да нема осветлување јас дете не би пуштила,без разлика,опасно е во Дрим ;

Доаѓаме често во Струга, а Дримот е убав и без осветлување.Надлежните треба да ја имаат во предвид целата ситуација,бидејќи не само деца туку и возрасни посебно во вечерните часови во Дримот се капат – се дел од коментарите на граѓаните.

-Далеку од памет е да се потрошат 100.000 евра за кичерајско осветлување на Дримотво перид кога општината има далеку поголеми нерешени комунални проблеми- жестоко реагира од ВМРО ДПМНЕ  на најновиот хир на градоначалникот Мерко.

Апелираме до Антикорупциската комисија и до сите други надлежни институции да поведат постапка во која што ќе ги разгледаат сите околности на овој договор кој не предвидува никаква заштита или гаранции кон градот во смисла на квалитетот на вградената опрема.До сега на јавноста не и беше понуден никаков елаборат или проект од кој ќе видиме анализа од стручни лица во однос на тоа како овој проект ќе се одрази во однос на животниот свет на реката Дрим,исто така треба да се земе и аспектот на безбедноста на капачите – изјави Мите Стефоски-Секретар на О.К.на ВМРО ДПМНЕ.

Вечен ти помен Струга, беше убаво гратче-пишуваат стружани кои ги преплавија социјалните мрежи,присетувајќи се на трагичниот настан кога на струшкото пливалиште од струен удар загинаа тројца видни стружани,но и две дечиња,малолетни браќа кои починаа од струен удар на една од струшките плажи.

-Зарем незнаат колку човечки животи се одземени, зарем уште треба? Наместо да ги осветлуваат улиците,изведуваат лудории.Ова не смее да го има во Дримот особено после случајот на пливалиште.Инсталацијата вака наместена на висина на нозете на капачите, ќе биде повлекувана при секое качување-ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку од Хидробиолошкиот Институт информираат дека до нив воопшто не се обратиле од Општина Струга да побараат мислење дали ваквото освелување е штетно за живиот свет во реката Дрим.Од ЕСМ пак велат дека биле надлежни за водните ресурси на реката, додека кејот и неготово комунално и инфраструктурно уредување е во надлежност на општина Струга.

Росица Голабоска