Мерко не дозволува рушење, најавува продолжување на градежната експанзија

Доколку Владата постапи по барањата на Антикорупциска и на двете соседни општини Охрид и Струга им ги одземе надлежностите за рушење на дивоградбите, затоа што како региони под заштита на Унеско не успеаа да се справат со бесправната градба, општина Струга нема да ја почитува таквата одлука.Градоначаникот Мерко најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзија.

-Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние,не може преку сила некој да дојде и да каже – Рамиз Мерко-градоначалник на Струга.

Кога ги остапував ингеренциите во урбанизмот, не ги сакаа,сега нема закон со кој што Владата може да ми ги одземе надлежностите во делот на справувањето со дивоградбите-вели Мерко.

Тој упорно го брани својот став дека во Струга немало нити една дивоградба во крајбрежјето,иако на плажите искористивајќи го екот на пандемијата интезивно се градат објекти и од цврста градба, за Мерко тоа е само пролетно подзачистување.

Изјава Рамиз Мерко-градоначалник на Струга: Фала Богу кога излегува пролет сите треба да направат рекострукција, да очистат терени, да средуваат концесии, да средуваат објекти, да измачкаат објекти, да средуваат мебел и т.н. Значи треба да е подобрат условите, овие работи Вас и на овие многу невладини кои ги имате во Охрид и ја напаѓаат Струга,нас за тоа баш не брига.

Тврди дека во Струга имало само 262 дивоградби и тоа во селските средини, останатите дивоградби 3.000 на број биле опфатени со законот за легализација. За потегот од Калишта до Радожда кој е послан со дивоградби,Мерко не сакаше да зборува.Да сме си ги изброеле најпривин дибоградбите од Специјалната болница Свети Еразмо до Пештани, па после да сме прашувале за струшкото атрактивно крајбрежје.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста