Мерко ги нарече стружани „кучиња што лаат“

Наместо струшкиот градоначалник да одговори каде се гоштевал и кога потрошил 27.500 евра, каде општинската админстрација сред пандемија потрошила 16.000 евра,а Претседателот на градскиот Совет 12.000 евра и дополнитени 19.000 евра за една година,во услови кога Советот не бил свикан цели 9 месеци, Мерко сите оние кои го критикуваат за неговиот јавашлук, ги нарекува кучиња кои лаат, по караванот што продолжува понатаму.

Згора на се’ министерот за внатрешни работи Оливер Спасоски вчера бил во официјална посета на Струга,при што одржал и работен состанок со градоначалникот Мерко.На прашањето, зошто медиумите не беа информирани,од оштина Струга велат:затоа што активноста беше организирана од страна на МВР. Од МВР пак велат,имаме официјално соопштение за средбата, за друго обратете се во општина Струга и толку ! Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат зошто министерот не проверил колку  домаќински ја води општината Мерко и како се придржува на препораките на Унеско?

На официјалната страна на општина Струга стои дека министерот Спасоски му се заблагодарил на градоначланикот за макотрпната работа.Првиот полицаец пак напишал дека на средбата ја потенцирале добрата соработка меѓу локалната самоуправа и полицијата и начините како таа да се продлабочи во интерес на граѓаните на Струга.

Изјавите не се ни трагични ни комични. Тие се реален приказ на состојбите во државата во која криминалот е основа на економијата, а лагата е нејзината надградба-велат од ВМРО ДПМНЕ.

КАЈРОН О.К. на ВМРО ДПМНЕ-Струга : Знаеме дека политичкиот дискурс е зачинет со куртоазија,но никој не очекуваше дека министерот Спасовски, штом не се огради од јавашлукот на градоначалникот,како макотрпна работа на градоначалникот ќе го третира и трошењето на репрезентација од 77.729,00 евра и возење во скап автомобил.  Стружани со право се прашуваат, да не е случајно репрезентацијата на министерот поголема од градоначалникот и на какви ли макотрпни  маки е изложен Спасовски при возењето во неговиот  скап автомобил  и  трошењето на толку големата  репрезентација? стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ од каде изразува остар протест против говорот и однесувањето на градоначелник Мерко и неукоста, некултурата, политичката некоректност и професионалната неморалност од страна на локалната власт.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста