Мерките заглавени меѓу изборите и реалноста

Деновите поминуваат, а Владата се уште нема одговор како граѓаните ќе добиваат ваучери и платежни картички. Одговорите се сведуваат на можеби, ќе видиме, да почекаме, се договараме, но очигледно расте нервозата и кај јавноста, но и кај министрите. Единствено сигурно е дека уредбата се уште не е донесена, а се други е нагаѓање. Една од варијантите е да не треба да аплицира за картичката,односно УЈП автоматски да одреди според примањата кој и како ќе добива помош. Власта вети дека мерката ќе стартува во јуни или јули.

Во трката да се пофалат со мерките, но без конкретни одговори како тие да се спроведат, министрите очигледно нервозни, им се нафрлија на новинарите, но и граѓаните. Ги нарекоа нетрпеливи и граѓаните кои чекаат на помошта, но и новинарите кои во нивно име им поставуваат прашања.

Техничкиот премиер ги оцени изјавите на Ангеловска и Бектеши како несоодветни.

По прес конференцијата остро реагираше новинарската фела, но и експертската јавност. Сите ги осудија изјавите на министрите Крешник Бектеши и Нина Ангеловска, во кои даваат квалификации што треба, а што не треба да прашува еден новинар. Во недостаток на одговори, сметаат дека надлежните треба да се извинат и да понесат одговорност, наместо да ги критикуваат токму оние што информациите треба да и ги пренесат на јавноста.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста