Мерките за заштита од корона вирусот во туристичките места ретко кој ги почитува

Доколку не се воведат дополнителни, поригорозни рестриктивни мерки кои би се однесувале на Охрид и Струга, заразата со Ковид -19 во туристичките центери тешко ќе се контролира-предупредуваат епидемиолозите. Без да се одржува дистанца, во вечерните часови шеталиштата и парковите се преполни,а се организираат дури и приватни забави.Мерки за заштита од опасниот вирус не се почитуваат, буквално никој не носи ниту заштина маска.

“Индивидуално е, ама тоа е тоа. Се почитуваат мерките, гледам дека не носат сите маски? Јас носам ,ама затоа што работам со хемикалии немам ставено, а вака кога ќе излезам во продавница ја редам, ево ја; Многу тешко, за младите мене ми е за нас старите, секако ама младите. Струга ланска година во ова време вриеше од туристи. Ние сме Вевчани и Вевчани имаше со автобуси доаѓаа. Како е во Вевачани,има заболени? Има“, велат граѓаните.

Во услови кога сред лето нема гости од надвор,загрижува фактот што заразата со несовесното и неодговорно однесување, си ја пренесуваме самите еден на друг.

„Ние овај период веќе сме работеле на 4 ленти како што гледаме ,моментално работиме со една лента.Значи тука имаше доста странски државјани од ЕУ кои транзитираа низ нашата држава и одеа на одмор во Албанија,сега државјани од ЕУ немаме.И самото ограничување со ПСР тестовите не е трајно решение, значи гледате дека сега фактички нас опасноста може повеќе ни доаѓа од внатре отколку од надвор“, вели Златко Крушароски-Командир на П.С. Ќафасан.

Во општина болница во Охрид има 25 заразени пациенти од 5 се на кислордна поддршка.Ситуација е премногу комплексна бидејќи лекарите работат со последни сили.Сега заразени прима и болницата во Струга.

„Додека нашите капацитети беа празни ние ги примавме сите пациенти од Струга, значи ние 2 месеци примавме пациенти, ги испитиваме тука, транспорт врешевме.Ако ви кажам дека за еден месец 146 истории на болест се само отворени на инфективно одделение во Охрид каде 90 % се од струшката болница“, Горан Балев-дир на општа болница Охрид.

Епидемиолозите наредните недели очекуваат драстично зголемување на бројот на заразени во Охрид и Струга.

„Единствена друга мерка која што може да дојде во предвид како дополнување на овие сегашни мерки е рестрикција во движењето.Очекувате такво нешто? Не кај нас, секаде во светот и тоа ни беше укажано од СЗО и други експерти кои ја посетија нашата земја. За сега не, засега не“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

И покрај укажувањата од СЗО, за сега нема воведување на рестриктивни мерки ниту за туристичките центри. Ќе се воведат, ако луѓето продолжат со непочитување на мерките-вели ресорниот министер. Епидемилозите ја отвораат дилемата доколку сега и веднаш не се воведат рестриктивни мерки барем за одредени градови – дали ваквото одолговлекување нема да биде задоцнета реакција.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста