Мерките за спас на економијата на стенд бај, Бектеши се правда со опозицијата

Петтиот пакет мерки за спас на фирмите и граѓаните заглавен во Собранието. Фирмите и граѓаните го чекаат сопасот, но министерот за економија тврди дека проблем нема. Кога точно ќе помине пакетот сепак не конкретизира. Иако власта има мнозинство пратеници што е повеќе од доволно за брзо носење на законите, таа ја префрла топката кон опозицијата.

Бектеши зборува за можни блокади во комисиите со поднесување дополнителни амандамни, кои не би имале никаква врска со законските решенија. Иако такво нешто засега нема.

  • Сакам да ја повикам опозицијата да ги поддржи мерките кои се во полза на стопанството, вработените и граѓаните. Неколку од комисиите каде треба да се разгледаат овие законски решенија за да можат да се реализираат, а со кои заседаваат претставници од опозицијата, убеден сум дека тие ќе најдат сила за заеднички да работиме за побрзо да ги усвоиме законските решенија за да се имплементираат мерките, посочи министерот за економија Крешник Бектеши.

И додека владината одлука е испратена во парламентот, седница за усвојување се уште нема. Зошто и натаму се чека, министерот не одговори. Рече дека само дел од вкупно 29 мерки мора да се преточат во Закон.

На изјавите на Бектеши реагираше опозицијата. Му порача да ги повика пратениците од владејачката коалиција да дојдат во Собранието, зашто токму тие не доаѓале на пленарните седници иако не се изолирани и не се заразени од КОВИД.

  • Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега ги поддржа и понатаму ќе ги поддржува сите економски мерки кои ќе значат олеснување и полесно справување со последиците од кризата, но јасно и гласно кажуваме дека нема да дозволиме владата предводена од Заев својата неспособност да ја правда и пере преку ВМРО-ДПМНЕ и пратениците, реагираа од опозициската партија.

Од вкупно 29 мерки во петтиот антикризен пакет за десетина е потребна закон ска измена. Стопанските Комори до сега неколку пати реагираа до Владата околу процедурите кои се и повеќе од сложени, за да може полесно фирмите да аплицираат и да користат државна помош. Владата се надева дека економијата ќе почне да закрепнува. За последниот пакет предвидени се 160 милиони евра, но засега Владата на располагање има само 50 милиони евра. Остатокот ако е потребно ќе се обезбеди со ребаланс на буџетот.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста