Мерката есенска потрошувачка кошничка ги дава посакуваните резултати
Мерките ученичка и есенска потрошувачка кошничка ги дават очекуваните резултати. Кај одредени производи, посебно кај житариците има намалување на цените за повеќе од 10%. Дури 30% поевтино се продаваат и училишните прибори. Според премиерот Мицкоски, одредени маркети ги испочитувале одредбите, но имало и трговци манипулирале со цените. Во моментот инфлацијата е 2,2%.
„ Тоа е голема заштеда за граѓаните . стапката на инфлација во месец август е 2,2%. Не така одамна пред една година стапката на инфлација беше повеќе и од 20%. Тоа беше директен удар врз стандардот на граѓаните . сега имаме ниски цени, инфлација којашто е најдобра во регионот и една од најдобрите во Европа и уште повеќе ќе носиме мерки и политики за да ја спуштиме уште подолу инфлацијата„ изјави премиерот на државата, Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме инспекциските служби се на терен, контролираат дали маркетите и останатите трговци ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики. Првите три месеци, односно до Нова година ќе има само опомени, а потоа Комисијата за заштита на конкуренција ќе започне и со санкции. Казните можат да достигнат и до 20.000евра за трговците на мало
„Моја препорака е да ги почитуваат договорите и законот, а индиректно преку регулирањето на односот на производителите и добавувачите со трговците, ќе има индиректно намалување дополнително на цените, кои се очекува средината на ноември да паднат цените во одреден процент„ изјави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристевски.
Законот за нефер трговски практики со кои повеќе од 2500 земјоделски и прехранбени производи добија ограничена маржа до 10%, беше донесен во март годинава. Трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите. Со новиот закон не се регулира маржата, туку се забрануват допоплнителните трошоци.
Александра Ристевска