Мерцедес удри во пешак во Струмица

На 29.09.2020 во 20.30 часот на крстосница од булевар „Ленинова“ и улица „4 Јули“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“, со бугарски национални ознаки, управувано од Ј.Ј. (42) од Струмица, удрило во пешакот М.С. (50) од Струмица. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста