МЕПСО се огласи по два часа:Немаше струја заради испад на далекувод од трафостаница од Пинтија кон Бунарџик

Испад на далекувод од трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија кон трафостаницата  Бунарџик и пожарот кој настанал биле причини за мракот во поголем дел од главниот град,  делови од Велес и Овчеполијето. МЕПСО по два часа од пожарот се огласи за испаѓањето од погон на два трансформатори, а со тоа и целата трафостаница во скопска Пинтија.

Дефектите се изолирани и се работи на нивно отстранување.Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти велат од МЕПСО.

Како резултат на пожарот кој што избил тука во трафостаницата во скопската населба Пинтија, половина Скопје имаше прекини во електричната енергија во неколку наврати.

Искрите кои настанале од далекуводот ја запалиле тревата околу трафостаницата во Пинтија и од тогаш започнале прекините во електричната енергија. Противпожарната бригада брзо реагирала по повикот, но набрзо добиле дојава за експлозија и во трафостаницата во Бунарџик. За тоа време Скопјани но и жителите од централна и источна Македонија имаа прекини на струја што предизвика паника меѓу граѓаните. Не работеа ниту семафорите, а на клучни раскрсници во Скопје немаше сообраќајна полиција за да регулира.

„Во 17.45 минути имаме добиено пријава за настанат пожар во трафостаница Пинтија и веднаш беа испратени екипи од центарот Драчево со две возила и поради сериозноста на самиот објект што претставува за градот беше испратена дополнителна помош од центар Автокманда. За кратко време пожарот беше локализиран. Превентивно, ради повторно пуштање на далноводот екипите останаа додека не се воспостави нормално напојување“, изјави Звонко Доневски-командат на протипожарната бригада Скопје.

Дека пожарот бил навреме спречен да се прошири и предизвика поголема штета потврди и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој се заблагодари на брзата реакција на службите.

„Она што беше наша задача, и задача на службите, е завршено, пожарот е локализиран, и што ми е многу драго, нема човечки жртви“, рече Ѓорѓиевска.

Поради немање електрична енергија прекина и парното греење во Скопје, затоа што тоа се контролира со струја, но од БЕГ информираа дека е вратено во нормална.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста