Меѓународните обвинители: „Украина е место на злосторство“

Обвинителите за воени злосторства го посетија градот Буча, во близина на главниот град на Украина, ветувајќи дека ќе ги следат доказите додека форензичарите ја започнуваат својата работа. Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд разговараше со новинарите.

„Секој поединец, особено цивилите, имаат одредени права. Ние мора да зборуваме за нив и мора да инсистираме да дојдеме до вистината за она што се случи, а судиите ќе одлучат дали има одговорност“, вели Карим Кан, главен обвинител на МКС.

Меѓународниот кривичен суд, кој е со седиште во Хаг, Холандија, почна да ги истражува наводните руски воени злосторства во Украина. Ниту Русија, ниту САД не се членка на светската организација. Највисокиот американски дипломат за Украина рече дека светот сега знае дека рускиот претседател Владимир Путин  лажел кога тврдел дека злосторствата во градовите и населбите низ Украина биле „фалсификувани“ или „исценирани“.

„Светот знае дека тој е одговорен за експлозијата на железничката станица во Краматорск. Тој е одговорен за злосторствата извршени во Буча. Тој е одговорен за уништувањето во Мариупол. Тој е одговорен за уништувањето во Харков. И нема никој друг кон кого може да покаже со прст, а светот го знае тоа“, рече Кристина Квиен, вршителка на должност на САД во Украина.

На брифингот во Стејт департментот, портпаролот Нед Прајс постојано беше прашуван зошто САД не спроведуваат сопствена истрага за воени злосторства во Украина и дали претседателот Џо Бајден прерано го употребил зборот „геноцид“.

„Ние сме ангажирани во процес во овој момент да работиме со партнерите ширум светот, но во прв случај, нашите украински партнери да им помогнат да собираат, зачуваат, документираат и споделуваат докази за злосторства, потенцијални воени злосторства. И да, ако тој законски праг се достигне, геноцид, ние многу тесно соработуваме со Канцеларијата на украинскиот државен обвинител, кој формира тим под нејзина надлежност за покренување на кривично дело со поглед на потенцијални обвиненија“, рече Нед Прајс, портпарол на Стејт департмент.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика Путин да биде донесен пред меѓународниот трибунал.

„Сите водечки држави веќе го осудија рускиот напад на Краматорск. Очекуваме цврст глобален одговор на ова воено злосторство. Како масакрите во Буча, како и многу други руски воени злосторства, ракетниот напад врз Краматорск мора да биде едно од обвиненијата на Трибуналот, што сигурно ќе се случи“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Експертите за Гласот на Америка велат дека се додека руските војници се во Русија, пристапот до нив ќе биде речиси невозможен. Но, тие велат дека одржувањето судења за воени злосторства за сторителите сè уште може да има смисла

Путин рече дека пријавените воени злосторства во Буча биле „измислени“, без да понуди никакви докази.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста