Меѓународниот Преспа форум освен во Охрид се одржува и во Отешево
Мини- самитот од Меѓународниот Преспа форумот за дијалог што денеска се одржува во Отешево во присуство на министри, амбасадори и градоначалници од Регионот на преспанското тромеѓе, отвори теми за соработка, добрососедство, перспективи на младите, еконосмки развој и иницијативи за спас на Преспанското езеро. Бидејќи сите овие активности, се одвиваат низ политичките вредности на Рамковниот договор, Преспанскиот договор и Договорот со Република Бугарија, министерот Горан Милевски запрашан зошто на форумот нема претставници од Бугарија, рече дека тоа е нивни пропуст, меѓутоа нема да има пречекорување на црвените линии.
-Од Бугарија жалам што нема гости— Македонскиот народ повеќе нема да прави отстапки и нема да постои влада која што ќе ги прифати бугарските барања такви какви што се во моментот. — Од услови и уцени ни е прекуг лава и се надевам дека ќе се вразуми Европа и конечно она што го ветија кога го потпишуваа Преспанскиот договор, ќе го исполнат- рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.
Градоначалниците од Пустец, Лемос и Ресен, сметаат дека покрај развојот на регионот со еврофионансиска поддршка, е силна можност за трилатерални договори околу колапсот на Преспанското езеро.
-Пред два дена, министрите за животна средина од Македонија, Албанија и Грција, имаа конструктивен состанок на кој ги одредија главните активности кои ќе се одвиваат во наредниот период- рече ресенскиот градоначалник Живко Гошаревски. – Треба државите да презсемат поголеми иницијативи за да се сочува езерото од пропаѓање- рече градоначалникот на Пустец Пали Колефски.
На Регионалниот форум на младите, беше речено дека најголем интерес за заминување во странство од Македонија имаат лица на возраст од 23- 33 години, или 33 % со вкупна бројка од 270. 000 граѓани сонуваат да заминат во еден правец.
Петар Стефановски