Меѓународен проект за здарвствена заштита на децата во прекуграничниот регион со Грција
За да се зголеми здравствената заштита и превентивното делување кај децата со кардио и респираторна чуствителност, во прекуграничните региони околу Битола и комшиските општини во Северна Грција, со средства од Европската унија преку Interreg- програмата, се врши скрининг и мапирање на деца од 6- 12 годишна возраст во двете држави. Поради зголеменото аерозагадување, нападната е најмладата популација, поради што, неопходно е навремено откривање на овие заболувања, велат организаторите од “Сфера Интернешнл“. Тие денеска го промовираа проектот на плоштадот “Магнолија“ во Битола, а веќе имаат набавено софистицирана софтверска опрема и педијатриско возило кое ќе се донира на Клиничката болница.
-За време на скенирањето се опфатени околу 600 деца досега, при што, се поставуваат смарт- сатови за нивно следење со сите аномалии што ќе се појавуваат преку софтвер. Потоа податоците одат во Клиничката болница- рече Милчо Дули, претседател на “Сфера Интернешенл“.
Од грчка страна, исто така, скринингот е во завршна фаза. Инаку, наспроти РЕК “Битола“, грчките термоелектрани во Птолемаида, Кожани и Овчарани, произведуваат седум пати повеќе струја со огромна емија на штетни гасови. Барем во Битола, црните статистики бележат по еден дневно заболен од рак, а во просек , еднаш неделно се дијагностицира рак на дојка кај битолчанките.
Петар Стефановски