Медицинскиот персонал преморен од работа

Голем број на пациенти, со симптоми на корона, грип, настинка – болниците полни. Медицинскиот персонал преморен, ама и незадоволен од условите за работа. Недоволна грижа, малку платени, изложени на вирусот е секојдевието на медицинските сестри во земјава. Билјана Гаревска, медицинска сестра во Битолската болница, за Алфа вели дека имаат премногу работа и се преморени.

Ние сме презаморени бидејќи даваме услуги и во други градови каде се поставени ковид центрите што имаат потреба од медицински сестри, значи и таму притисокот е веќе голем од ковидот и премореноста на медицинските сестри. Ни доаѓаа пациенти со симптоми непропознатливи дали е симптом на обичен грип на обична настинка тоа дополнително ни прави притисоци додека дојдат резултатите вели Гаревска.. 

Таа додава дека и платите им се мали. Линеарното зголемување смета дека било само за замачкување очи.

Медицинскиот персонал јас сметам дека не е доволно платен, тоа е мое мислење  и на повеќе сестри, мои колешки. Поготово зборуваме на медицинските сестри со сестри со средно образование и болничарите и помошниот персонал.Имаше некое зголемување на платата но тоа не беше линеарно зголемување вели Гаревска..

Не е доволна грижата. Треба повеќе оти ние сме тие што треба да се справуваме во првата борбена линија познато кај народот како што не опишуваат, па затоа мислам дека треба да поголема грижа да има општо и за здравјето наше и за финансиите вели Гаревска..

Од лошиот третман  принудени се да си даваат откази. Ќе остане ли Македонија во кусок од медицински персонал по отварењето на границите, а и кога ќе бидат најпотребни?

Голем број мои млади коклешки што ги познавам веќе имаат заминато а и добар дел дури и релативно млади сестри се спремаат веќе да заминуваат..Па да од незадоволството најверојатно.. Не сум била во странство незнам како е таму да работам меѓутоа контактот со колешки што го имам што веќе заминале кажуваат дека е доста различно дека е добро платени, добро заштитени и знаат нивната работа што е … Еден голем дел од моите колешки го имаат веќе договорот, но очекуваат да се намали да стагнира ковидот пандемиајта па веќе сте спремни да заминат.. вели Гаревска.

Аларм за одливот на медицинските сестри по завршувањето на пандемијата пристигна и од Здружението на медицински сестри. 

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста