Медицински лица бараат основни средства за заштита од хуманите граѓани

Техничкиот премиер тврди дека имаат доволно и ги моли да ја носат заштитната опрема, новинарите упорно го прашуваат министерот Филипче, и речиси секогаш неговиот одговор е дека здравствените работници се заштитени.

Но огромен број медицински лица секојдневно со на социјалните мрежи ги молат хуманите граѓани да им донираат каљачи, маски и капи со цел да се заштитат себеси и пациентите.

Повеќе од очигледно е дека докторите имаат потреба од заштитна опрема а зошто надлежните тврдат дека имаат доволно, останува нејасно.

Во однос на заштитната опрема сите јавно здравствени установи добија упатство како треба да се користи, имаме доволна количина на залихи, таа резерва се надополнува – рече Министерот Венко Филипче на 03.04.2020

Според кажувањето на медицинскиот персонал заштитни маски и скафандери добиваат само оние кои се во директен контакт со заболените, но не и останатите лекари во болниците и амбулантите.

На социјалната мрежа фејсбук група граѓани започнаа иницијатива за домашно производство на заштитна опрема која организирано секојдневно ја носат до болниците.

Се обидовме да воспоставиме контакт со лице за набавка од ЈЗУ Општа болница Струмица која бараше донација за персоналот на болницата, но откако се претставивме, линијата се прекина.

Од средината на март на околу осумдесет здравствени работници им беше препишан домашен карантин.

Дејан Трендов

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста