Медената Атиџе повторно во заборав – бурни реакции на социјалните мрежи

Новата емисија „Срце на дланка“ која веќе четврта недела се емитува на Алфа телевизија, својата последна епизода ја посвети на медената Атиџе Муратова која повторно е заборавена од властите.

Како што вели и самата Атиџе, целата таа слава која и ја донесе филмот „Медена земја“, оскарите и сите други награди ја направиле многу среќна.

Цел свет слушна за нашата Атиџе, а властите додека траеше еуфоријата околу оскарите, не штедеа зборови, ниту ветувања за обезбедување основни услови за живот на нашата ѕвезда. Ветија дека ќе ја вработат во општината Лозово, дека ќе и помогнат да го заврши кровот на куќата, па дури и дека ќе и овозможат да сними свои песни.

Целата македонска јавност ги поздрави нивните ветувања, но изглеа тука застана се. За Атиџе ништо не се направи, тоа го потврдува и самата таа.

Откако екипата од „Срце на дланка“ ја посети и ја сними, социјалните мрежи буквално веќе два дена не престануваат да коментираат за празните ветувања кои требаше да и направат животот на Атиџе многу полесен.

ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ЗА ПОМОШ НА АТИЏЕ МУРАТОВА:

210-5017365248.95 НЛБ Банка АД Скопје

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста