Мажите полудеа по новите костими за капење за жени

На летната модна ревија во Мајама прикажани се многу чудни костими за капење кои се креирани така што буквално се лепат на кожата. Овие костими едвај ги прекриваат интимните делови од женското тело, а остатокот од телото е слободен. Дизајнерот на овие бикини вели дека на овој начин женската убавина и телото доаѓаат во полн израз и дека на овој начин најефикасно се елиминираат досадните траки за врзување кои само го расипуваат изгледот.

Припадничките на феминистичките движења сакаат да прекинат ваквите прикажувања на женското тело и сметаат дека фокусот на женската убавина не треба да биде насочен кон сексуалните атрибути.

Сепак, мажите со насмевка на лицето ја прифатија оваа колекција и рекле дека би биле воодушевени доколку ги здогледаат девојките на плажа во овие костими.