Мавровското езеро се празни-надлежните се правдаат на лошата хидролошка состојба

Мавровското езеро никогаш не изгледало пожално. Езерските води се видливо повлечени,бреговите исушени.Водостојот е исклучително низок што е невообичаено за овој период од годината.Слична е сликата и со другите вештачки акумулации во државата.

Зад мене се наоѓа црквата Св.Никола во Маврово.Веќе долго време, исто како и јас, верниците и туристите можат да се доближат и да ја посетат, што не било случај минатите години, кога црквата вообичаено била потопена во вода.

Направивме обиколка околу езерото.Жителите на Леуново велат дека не паметат да било толку испразнето, особено овој период од годината.Точно е велат, дека се работи за вештачка акумулација чиј цел е да се произведува струја, но ова е жалосно, особено за живиот свет во водите.

Со вештачките акумулации стопанисува Електрани на Македонија.Оттаму се правдаат  дека 2020 година е исклучително лоша во однос на хидролошката состојба, па водата во езерата се искористила во пообемна мера.Секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минимум на котите, неопходен за живиот свет,па од тие причини, заклучиле дека е  потребно привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите. ХЕЦ Маврово тврдат не работи од крајот на септември поради зафат на шахтите, чија цел е да се намалат загубите на вода. Дали потоа хидроцентралата ќе започне или не со производство, ќе се процени врз основа на ситуацијата и потребите.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста