Мавровски: „Отсуството на долгорочна стратегија и недомаќинското работење во РЕК Битола, Македонија ќе ја чинат многу скапо“

  „Без никаква намера да ширам дефетизам, но актуелната состојба со РЕК Битола е повеќе од загрижувачка, како за граѓаните, така и за Република Македонија како држава. Недомаќинското работење и отсуството на издржана стратегија за тоа како ќе се справуваме со енерегетската криза, која веќе е реалност, си го земаат својот данок“, – вели дипломираниот електро-инжинер и поранешен директор на РЕК Битола, Спиро Мавровски. Според него, уверувањата од менаџментот на Комбинатот, како и од ЕСМ и од Владата во заминување, дека со расположиливите количини на јаглен од само 40.000 тони, состојбата ќе се држи под контрола, се приказни за мали деца.

Зимницата и се она што треба во однос на огревот, дали се дрва, дали е јаглен, значи треба да биде обезбедено негде до летниот период. И во РЕК се правеше истата работа. Значи, на почетокот на грејната сезона, негде средината на октомври, на Депонија имало 600-700 000 тони јаглен, а сега има 40.000. Е сега, за граѓаните овие бројки звучат многу големи, 40.000, но тоа е минимално нешто и срамно е за мене да ја почнете грејната сезона со 40.000“, – тврди м-р Спиро Мавровски.

За Мавровски невозможна мисија е и најавуваниот увоз на јаглен.

Значи, вие да носите 300-400 км, да возите, да трошите нафта и сега тој камион повторно да се враќа назад за да се товара и растовара во РЕК Битола, значи дека нешто тука не е во ред, или некој изигрува лудило“, објаснува Мавровски.

„Ние, ресурси за едно нормално работење, за една Македонија, сигурно дека имаме и тоа за да можат нормално да работат барем два Болка, но се направи голем застој, особено во оваа предизборна година. Во моментов ние имаме проблем што не работиме на ископ на јаловината“, вели Мавровски и додава дека завчерашниот пожар во најновиот Блок 3, дополнително ја усложнувал работата, бидејќи за негово реактивирање, според него, ќе бидат потребни најмалку 6 месеци.

Мавровски тврди дека и сега РЕК Битола, реално работи само со половина Блок. Предвидува тешка зима и за граѓаните, а особено за стопанството, за кое вели дека ќе доживее уште поголема криза, затоа што цената на електричната енергија и понатаму ќе оди нагоре. Тој, излезот го гледа во користењето на мазутот како енергенс.

Ова со јагленот мислам дека е излузорно. Евентуално, да се проба со активирање на ТЕЦ „Неготино“ со тие 200 мегавати, со мазут, бидејќи нашите блокови секако станаа мазутари, но и за тоа, бидејќи тие блокови немаат работено повеќе време и за тоа ќе ни треба една сигурност пред да се пуштат во работа и време е да се почне на таа реализација“, посочува Мавровски.

Инаку, како што веќе е познато, по завчерашниот пожар на Блокот 3, РЕК Битола во моментов работи само со Блокот 1, а додека Блокот 2 се очекува да биде ставен во функција во текот на наредната недела.

  Каролина Дурло

Advertisements