Матовиќ: кој ќе одговара ако хронично болни пациенти се заразат на работните места или умрат ?

Исплашен за својот живот Милован Матовиќ кој со години се бори со хронична болест на белите дробови и алергии, реши јавно да ги сподели маките но и да им постави неколку прашања на одговорните.  Кој ќе сноси одговорност за хронично болните доколку на работното место се заразат со Ковид 19 и ја изгубат битката со болеста?

Нека кажат кој е одговорен, еве ние ќе почнеме да работиме. Меѓутоа, ако еве се случи десет луѓе од нас да починат како последица од коронавирус..дали некој ќе одговара? Ама со име и презиме..ако е тоа премиерот или министерот за здравство па ете они да оговараат.” – вели Милован Матовиќ, хронично болен пацинет.

Матовиќ кој работи како административец  во општина Кисела Вода е загрижен и за условите на неговото работно место.

“Сите кој биле во Кисела Вода знаат како изгледаат бараките.Тие се60 години стари.Поголемиот дел од канцеларии се помали..каде дистанцата е невозможна помеѓу колегите но и за странките.Да се носи маска во затворен простор осум часа, ни здрав не се издржува а не па болен човек.” – изјави Матовиќ.

Дополнително вели тој проблем се и блокираните болници бидејќи дел од нив се ковид центри. Па тешко е да се стигне до специјалист, а некогаш тоа значи живот за пациентите.

Иако надлежните го занемаруваат тоа, податоците покажуваат дека од  вкупниот број на починати како последица од ковид19, најглем процент се пацинетите кои претходно боледувале од различни хронични заболувања.

Според најновата владина одлука Од 23-ти Септември на работа се враќаат хронично болните,самохраните родители и мајките кои се на продолжено породилно отсуство. Мајките утре излегуваат на протест.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста